Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје а и пошироко.
СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното.
Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ