Македонија со Зоран Заев тоне по сите меѓународни економски параметри. Државата е во економска рецесија, нема реализација на капитални инвестиции, нема нови странски инвестиции, а згора на тоа и оние кои што беа тука и беа носител на економијата сега си заминуваат. Наместо раст, Македонија со Зоран Заев тоне во корупција и во криминал. Во такви услови, економски раст е невозможен. Зоран Заев докажано е неспособен ниту да планира, ниту да реализира економски раст на Македонија.

Зоран Заев дојде на власт со ветување за економски раст од 5 проценти годишно. Растот на Македонија со Заев во годините пред пандемијата не мина граница од 2,5 проценти. Годината кога започна пандемијата и кога сите се подготвуваа за економски потреси, тој ветуваше блескања, за потоа државата да ја втурне во рецесија со стотици илјади загубени работни места. Буџетскиот дефицит само во месец декември изнесува 225 милиони евра, што е повеќе од буџетскиот дефицит во целата 2019 година, кој што изнесуваше 222 милиони евра.

Заев ниту знае да планира, ниту знае да реализира тоа што го испланирал. Просечните капитални расходи во 2020 година по месец изнесуваат по 16 милиони евра, додека само во месец декември има скок од 84 милиони евра!? Тоа е незамисливо. Ваков економски колапс може да се случи само доколку или не испланирал како што треба или пак цела година им ги чувал парите на бизнисмените, па им ги исплатил одеднаш во декември? И тоа во година на епидемија.

И сето ова се случува откако кон средината на октомври 2020 година планираа ребаланс на буџетот.

Колку не знае да планира покажува и следниот факт.

Со тој ребаланс беше предвидено дека вкупните приходи во четвртиот квартал во 2020 година (значи месеците октомври ноември и декември) ќе биде поголем за 6,5 проценти од истиот период во 2019 година. И ова планирање од средината на октомври, со започнат четврти квартал, го утна и го заврши со МИНУС -5,2 проценти пад во однос на истиот квартал 2019 година!

Сите проекции на СДСМ се лоши и не содветствуваат со реалноста. Ветувањата за раст и особено планирањето на економски раст на Зоран Заев не се ништо подалеку од ветувањата за 5 процентен раст годишно и отворање на Фејсбук и Гугл во Македонија, со кои што Македонија стигна на економско дно потопена во корупција.

За економски раст се потребни памет, работа и љубов кон Македонија. И Заев да си замине.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ