Костадин Костадинов се фали со поврат на ДДВ што е само уште еден показател дека економијата е на колена. Поврат на ДДВ добиваат оние фирми кои набавиле повеќе, а продале помалку, што говори дека стопанството и економијата се пред колапс.

Костадин Костадинов очигледно со своето скромно познавање на економијата не го гледа целиот систем. А Системот покажува дека се случува тотален крах. Поради неспособноста на власта и не навремените мерки 55 илјади лица останаа без работа, уште толку илјади ненавремено земаат плата, долгот пораснал за над една милијарда евра, странските директни инвестиции бегаат од Македонија и инвестираат во соседството, а падот на БДП е еден од највисоките во Европа.

Тоа како Костадинов замислува економија е тотална спротивност од реалноста. Народот осиромашува секој ден со власта на Заев, додека мафијата се богати. Розевите очила на Костадинов не покажуваат дека Македонија е најнесреќната и најсиромашната држава во Европа и дека се наоѓа на 111 место во светот по справување со корупцијата. А токму корупцијата е таа која им обезбедува една мала клика на власта да јаде со златни лажици, додека народот нема ни за леб.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ