Токму во годината кога треба да се одржат локални избори, практично на крајот на својот мандат, градоначалникот Александар Наумоски, заборавајќи на предизборните ветувања кои ги даде пред да биде избран; ветувања за ревидирање на тогаш веќе донесените постоечки ДУП-ови, тој сега, на повиците на револтираните жители за веќе донесените ДУП-ови „одговара“ со план за нови 25 ДУП-а, кои предвидено е да се донесат во наредниве 8 месеци, а од кои интерес има само урбаната мафија која ќе ја бетонизира целата општина.

Градоначалникот Наумоски како да заборава дека е избран од страна на жителите на Ѓорче за да работи во нивен интерес. Игнорантскиот однос на Општината кон жителите продолжува, додека личните аспирации за богатење и моќ на градоначалникот Наумоски не стивнуваат. Неговите ветувања за ревидирање на ДУП-овите дадени во предизборната кампања, очигледно резултирале со мотив за дополнителна бетонизација! Со ова максимално се злоупотребува службената должност за создавање на услови за профитерство преку спрегата помеѓу урбаната мафија и избраните функционери на Општината.

Левица – ЛО Ѓорче Петров