Ливерпул на последниот ден од зимскиот преоден рок најде решение за одбранбената линија, ослабена поради бројните повреди, со ангажирање на дефанзивецот на второлигашот Престон, Бен Дејвис и турскиот стопер Озан Кабак од бундеслигашот Шалке.
Дејвис (25) претпладнево ги мина медицинските прегледи и за сума од два милиони фунти стана нов играч на актуелниот англиски првак.
Паралелно со ова, медицинските прегледи во Гелзенкирхен ги мина и дваесетгодишниот Кабак, кој, исто така, треба да го засили Ливерпул.
„Скај спорт“ јави дека Кабак ќе дојде како позајмен играч до крајот на сезоната, со можност Ливерпул да го откупи неговиот договор со Шалке, кој замената за турскиот дефанзивец ја пронашол во Шкодран Мустафи од Арсенал.