Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта го ангажираше украинскиот офанзивен играч за врска Виктор Коваленко, јавија денеска локалните медиуми.
Дваесетипетгодишниот украински репрезентативец се пресели во прволигашот од Бергамо од редовите на Шахтјор од Доњецк.
Коваленко ја засили Аталанта за сума од 700.0000 евра и е втор Украинец во екипата од Бергамо, за која настапува и Руслан Малиновски.