Калчолигашот Наполи и тренерот Џенаро Гатузо ќе ја завршат соработката на крајот на оваа сезона, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Шпекулациите околу заминувањето на Гатузо дополнително засилија, откако дел од медиумите известија дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е во контакт со шпанскиот стратег Рафаел Бенитез.
Гатузо по вчерашната победа на Наполи над Парма од 2:0, во која свој придонес со гол даде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, рече дека е разочаран од Лаурентис.