Александар Пандов, Претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за вакцините против КОВИД-19 каде посочи дека поради неспобноста на властите во земјата Македонија е закована на дното во Европа.
-Ситуацијата со вакцините мене ми изгледа целосно катастрофа односно потполн дебакал како Република Македонија и како здравствените, политичките власти одговараат на оваа пандемија со корона криза. Да надополнам имавме изјава од Шекеринска која е министер за одбрана дека они можеле да набават вакцини и нешто порано меѓутоа не сакале да бидат нашите граѓани тестирани и со самото тоа се исмејува на милион граѓани кои што се веќе вакцинирани и во Америка и во Германија, во Англија, во Израел, во Соседна Србија. Иако до пролетта можевме да правиме паралели до некаде со останатите држави како се справуваат со корона кризата гледаме сега по прашањето на вакцини дека сме повторно заковани на дното во Европа и дека владата на Зоран Заев успеа и во здравствената одбрана од оваа корона криза да внесе политика. Имено како што кажав во најавата они само од политички и идеолошки причини имаме повеќе изјави од руска амбасадорка во Македонија дека имале понуда до Министерство за здравство за руски вакцини, а они воопшто не ни одговориле. Денеска дознаваме дека и после третото тестирање дека таа руска вакцини има делување на 92%, при тоа добиваме информација дека можеби во март месец дека ќе добиеме некои вакцини од АстраЗенека кои се западни вакцини меѓутоа најголем дел од европските земји не сакаат да ги применуваат, истакна Пандов.
Пандов во своето гостување во врска со вакцините ја спомена соседна Србија која многу добро се снаоѓа во целата ситуација со корна кризата.
-Денеска 500.000 граѓани во Србија се вакцинирани и тоа таму имаат каква сакаат вакцина да бираат, а ние во најава ги имаме оние кинеските, но тоа е за месец или два. Тоа што ни се случува мислам дека ни се случува само заради политичката и менаџерската неспособност на оваа власт, додаде Пандов.
Понатаму Пандов говореше и за пописот каде потенцираше дека пописот бил една од главните теми за предизборна коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ и дека овој попис претставува попис за спас на ДУИ како политичка партија.
-На Македонија и е потребен попис и се согласуваме дека Македонија 18 години немале попис и тоа треба да биде статистичка операција. Како услов да коалицираат ДУИ со СДСМ им беше пописот. На Македонија и потребна статистичка операција да знаеме колку точно население живее во Скопје или во било која друга општина. На ВМРО-ДПМНЕ на крај на памет не му е да фалсификува односно да ги зголемува бројките на населението. Јас ќе кажам овој попис е попис за спас на ДУИ. Тоа е суштината ако има намалување на тој број од 2002 година како тие ќе излезат пред своите гласачи, потенцираше Пандов.