По информациите во јавноста дека специјалниот претставник на Македонија во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски договорил емитување на Бугарската национална телевизија во Македонија преку операторот Телеком со коментар на фејсбук излезе и поранешната претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска, партија која е во коалиција со актуелната власт.
- Не може бугарска телевија во Македонија. Имате ли ум луѓе. Внесувате антидржавна пропаганда како Егзархијата во 19 век. Но тогаш сме биле во Отоманската Турција а сега во самостојна држава ова да го правиме. Ова е национално самобуство, коментира Поповска