Пописот на населението,домакинствата и становите во една држава , преставува најсложена статистичка операција, но за жал, во нашата земја има и тоа какви политички конотации.
Откако , процентите се воведени како основ за соодветна и правична застапеност, не може да се нотира дека Пописот е ,,само,, статистичка операција, а особено ако се бара општ политички консензус за истото. За нас Египканите, како ранлив, мал , но автохтон етникум на овие простори, со своја културна матрица, традиции, обичаи, со свој автентичен кодекс на однесување
Пописот има суштинсо значение.Ако, кон горенаведеното се надоврзе фактот дека Египканите се под континуиран притисок да се декларираат како припадници на други етникуми, тоа дефинитивно отсликува една многу загрижувачка состојба за ЕГИПКАНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА. Своја основа за слободно изразување на националната припадност, Египканите имаат и во највисокиот правен акт, Уставот на Македонија. Ноторен, загрижувачки факт е,дека немаме соодветна и правична застапеност на Египканите во институциите на системот овие 30 тина години, нема ниту 1 деклариран а вработен Египканец, согласно содржината,духот на Охридскиот Рамковен Договор, и токму таа болна позиционираност, гои сместува Египканите во маргините на образовното, културното, општественото, политичкото, економското и севкупното живеење во Македонија, и тоа дефинитивно мора да се промени.Крајно неприфатливо и недемократски, а би додал и нечовечки е, Египканите да ги спомнете и барате за време на избори или кога има Попис, а потоа, со невидлива леснотија да заборавете на нив. Токму затоа, најавениот Попис е можност Египканите да се потврдат како Египкани, кои според наши интерни сознанија, нивниот број е приближно околу 30.000 на ниво на Македонија. И, покрај силните , подмолни и деструктивни притисоци што доагаат од одредени центри на политичка и економска мок, Египканите се најсилни, најхрабри, токму кога врз нив се врши -ПРИТИСОК.
За да се одвива еден транспарентен Попис, неопходно е да има Египканец/ка како Заменик Претседател на Општински Пописни Комисии, или членови на истите тела, да маме попишувачи -Египкани, со исполнети критериуми, согласно Закон , а се со цел да се прикаже реален, објективен и кредибилен Попис.
Дозволете ми, да истакнам, дека крајно непријатно е чуството кога сте оневозможени да ги плодоуживате основните човекови права и слободи, поради една ,,фабричка грешка,, во највисокиот правен акт, а тоа е неспомнување во нејзината Преамбула. Плус тоа, немаме нити формализиран ден посветен на ова етничка заедница, а од друга страна Египканите , демонстрираат крајна лојалност кон државата, конструктивен пристап, демонстрација на толеранција, емпатија, работливост….
Токму затоа, познавајки ја генетиката и непокорт на етникумот на кој што припагам-Египканите, силно сум убеден дека Египканите до последен, особено во Охрид, Ресен, Струга, Кичево, Дебар, Битола ке се произнезат како Египкани, бидејки човек без идентитет е ,, човечко битие кој испарува,,а тоа Египканите никогаш ема да го дозволат.На самиот крај, дозволете ми, да истакнам , дека Пописот, ако сакаме да биде објективен, кредибилен, транспарентен, најдобро решение би било , истиот да биде за одредено време одложен, поради пандемијата со КОВИД 19, и тоа нема да му попречи на процесот, напротив, како и стрикно почитување на правилата на ОН И ЕУРОСТАТ.
Египканите, покажале досега дека се жилав етникум, кој е лојален на државата и во тој контекст ке се бори да опстане како посебен етникум, без разлика на цената која ке треба да се плати, особено оние Египкани, кои ЈАВНО повикуваат на зачувување на посебноста на етникумот....МАКЕДОНИЈА-НАШ ЗАЕДНИЧКИ ДОМ.
Демир Далип-лидер на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ“