Љупчо Николовски наместо да го работи тоа за кое е платен со народни пари, тера партиски агенди. Затоа Македонија е на 111 место според Транспаренси во борбата со корупција, полошо пласирана од африканските земји, Брегот на слонова коска и Буркина Фасо.

Корупцијата, криминалот и непотизмот се заштитен знак на оваа власт на Заев, а Љупчо Николовски е неговиот заштитник. Николовски не треба да се прави паднат од Марс и на јавноста треба да и одговори како ги вработи неговите роднини во државни институции за плата од 80 илјади денари? Дали дишењето во врат кое го најави му е веќе испробано при вработувањето на неговите роднини?

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ