Богданка Кузеска и СДСМ очигледно ги носат розевите очила на Заев. Наместо за работниците парите во државата завршија кај мафијата на власт. Затоа народот нема за леб, а Заев јаде со златни лажици. Дека не им е грижа за работниците покажува фактот што 55 илјади лица ги оставија без работа, а уште 50 илјади нередовно земаат плата. Самиот Заев кажа дека ќе ги остави малите компании кои едвај преживуваат да пропаднат, а тој целиот акцент ќе го ставел на локомотивите, веројатно мислејќи на семејните компании и фирмите блиски до власта. Ете до каде оди неодговорноста на власта на Заев и СДСМ.
Од помпезно најавуваните милијарди поддршка за компаниите, сега на виделина излезе дека се потрошени само 350 милиони, што покажува дека парите не завршиле во стопанството. Од таа причина 6.000 фирми во изминатиот период згаснаа. Приходите во УЈП за месец јануари покажуваат дека приходите се помали за 3% од планираното и над 7,5% во споредба со истиот месец лани. Дополнително во Македонија влегле странските директни инвестиции во износ од само 119 милиони евра или 58 евра по глава на жител, далеку најмалку во регионот. За една година се зголеми јавниот долг за нови една милијарда евра со што долгот ја надмина психолошката граница од 60% од БДП. Економијата тоне, народот осиромашува, ама затоа во СДСМ не чувствуваат криза. Очигледно дека државата се грижи доволно добро само за елитата.