Денес во Струга ќе разговараме со стопанствениците од градот, главната тема ќе биде лошата економска состојба.

Она што не загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6 200 компании кои згаснале и за жал 1 200 компании затвориле на сопствено барање.

Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55 000 невработени.

Од тие 55 000 невработени во Струга имаме 4 950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација.

Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начин преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба.

Антонијо Милошоски, Пратеник