Синот на Дидие Дрогба, Исак, потпиша договор со италијанскиот четвртолигаш Фолоре Каратезе и ќе игра во Серија Д, јавија денеска локалните медиуми.

Роден на 15 декември 2000 година, Дрогба помладиот ја почна својата фудбалска кариера во академијата на Челзи, клубот во кој неговиот татко остави голем печат, носејќи го дресот на лондонскиот прволигаш девет сезони.

Дидие Дрогба (42) за Челзи одигра 256 натпревари на кои постигна 104 голови. Неговиот син во сезоната 2019/2020 настапуваше за младинскиот тим на Гингам.