Антикризните мерки на Заев и СДСМ се купи ден продај проекти, од кои освен краткорочен рејтинг со поткуп во корист на СДСМ ефектот е нула.
Мерките на владата не се развојни, туку крпат дупки, четвртиот и петтиот пакет на мерки покрај за санација, требаше да бидат насочени и кон развој и заживување на економијата.
Цели категории од стопанството се надвор од опсег на мерките. Угостителите се незадоволни, индустријата нема реален поттик, целиот сет на услужни дејности е погоден, а се што имаме од власта е кршење на дупки.
55.000 луѓе останаа без работа, а 1.5 милијарди евра се потрошија, за каков успех зборува власта?! Јавниот долг за првпат е над 60% од БДП, а ефектите од тоа задолжување не само што се нула, туку одат во минус.
Ефектите врз економијата ќе беа далеку поголеми, доколку СДСМ се насочеше на реална помош и поттик на стопанството и граѓаните, а не само на поткуп во корист на нивниот рејтинг пред избори, ефект никаков, а штетите се огромни, како по компаниите, така и по празниот буџет на државата, од кој треба да се враќаат милијардите за кои Заев не задолжи.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ