Владата да се грижеше за безбедноста на граѓаните, немаше во Македонија да царува криминалот.
Со Заев и Спасовски во Македонија владее криминалот.
Со Заев и Спасовски Македонија е на врвот по корупција во Европа и е на 111-то место на листата на Транспаренси Интернешнл, и е полоша дури и од Буркина Фасо и Брегот на Слонова коска.
Со Заев и Спасовски во Македонија владее хибриден режим и затоа е најсиромашна и најнесреќна земја во Европа.
Светските агенции, медиуми и организации гледаат дека во Македонија нема правда и нема демократија.
Во Македонија локалните функционери се шерифи и тепаат народ, затоа што нема правда, не се почитуваат закони, ниту пак се работи чесно.
Македонија со СДСМ и Заев е црна точка, бидејќи партиските интереси ги ставаат пред државните.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ