Одговарајќи на новинарски прашања потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во врска со аферата за не добивањето на НАТО сертификати за министрите Спасовски и Маричиќ праша дали едниот од нив нема НАТО сертификат поради соработка со служби на земји кои не се дел од Алијансата.

„Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка еве една јавна провокација, јас не сакам да бидам досаден во изјави, значи една јавна провокација до двајцата дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби кои што не се дел од НАТО алијансата вториот заради корупција“, кажа Николоски.