Бразилскиот играч за врска Фабињо е најновото име на долгиот список повредени фудбалери во редовите на англискиот фудбалски првак Ливерпул.
Фабињо има повреда на мускулот на десната нога и нема да биде во составот на „црвените“ в сабота против Лестер, најави неговиот тренер Јирген Клоп.
-Фабињо нема да ни биде на располагање, рече Клоп на конференција за новинари, додавајќи дека и крилниот напаѓач Диого Жота нема да се врати во составот уште најмалку две до три недели.
Ливерпул претходно остана без дефанзивците Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип и според најавите против Лестер во одбраната ќе дебитираат зимските засилувања Озан Кабак и Бен Дејвис.