Денеска сме овде во Општина Гази Баба, во еден производствен погон од машинската индустрија. Погон кој што постои од би рекол повеќе од 25 години, од почетоците на 90-тите години, од минатиот век. Успешно стопанисува, вработува би рекол повеќе десетици работници односно обезбедува плата и егзистенција за повеќе десетици семејства.
Од она што можеме да го видиме и слушнеме е повторно би рекол тешката економска состојба во која што се наоѓа државата и тешките услови за водење бизнис во Македонија.
Она кое што би сакал да го истакнам, кое што би рекол е многу значајно, а тоа е падот на бруто инвестициите кои што во Македонија во третиот квартал се некаде околу 8.8% помали споредено со истиот квартал минатата година т.е. трети квартал 2020-тата година споредено со трети квартал 2019-тата година. Што претставува рекорден пад бидејќи во минатото рекордот го држел во периодот на кризата односно 2001 година кога од прилика околу 6% е падот на бруто инвестициите. Што значи дека не се инвестира, луѓето немаат средства да вложуваат во обнова на производствениот парк односно вложуваат во основни средства за работа, туку едноставно ги чуваат парите или воопшто такви пари нема за вложување.
Тука би сакал да поентирам и да заклучам дека е тешка економска состојба во државата, но мора да се издржи за доброто на граѓаните. Јас тоа го кажав тука, тоа го споменувам секаде што одам, а тоа е дека овие луѓе кои што обезбедуваат егзистенција и обезбедуваат личен доход на први се вистинските херои и вистинските патриоти, не оние луѓе кои што денеска водат држава во која што за жал цути криминалот, цути корупцијата, последни сме би рекол во регионот односно први на скалата според „Транспаренси Интернешнл“ по перцепцијата и нивото на корупција и криминал. Понатаму според анализата на „Економист“ сме прогласени за хибриден режим и така натаму, да не ги редам, веќе на јавноста и се познати сите фаули на оваа Влада и на овие политичари.
Така што ја стегам раката пред овие луѓе кои што вработуваат, кои што обезбедуваат егзистенција, тоа се вистинските херои и идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се позанимава да им помогне, но вистински да им помогне да го шират својот бизнис и да обезбедуваат повеќе работни места. Тоа се вистинските херои. Им честитам и ја користам оваа прилика да се заблагодарам за се што прават за Македонија, овие стопанственици.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ