На денешната изјава за медиумите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со изјавата на Зоран Заев дека кинеските вакцини ќе бидат испорачани по Кинеската Нова година, истакна дека власта ниту е кадарна, ниту има план ни вакцините добиени од донации да испорача, како и дека се сомнева во испорачувањето на вакцините по Кинеската Нова година.
„Поминаа многу празници, православни, католички, Нова година, Божиќ помина, поминаа и Водици, ќе дојде и Кинеската Нова Година и таа ќе помине, можеби ќе дојде и Рамазан Бајрам, ќе дојде и Велигден, но неспособноста на Зоран Заев и тимот околу него и лагите ќе останат. Дај Боже да стигнат што побрзо вакцините, но и овие кои ги добиваме како донација не сме подготвени да ги прифатиме , ниту сме кадарни, ниту имаме план. Навистина човек веќе не вреди ниту да ги критикува, затоа што гледаме дека станува збор за луѓе со „образ –ѓон“, ниту пак критиката, ниту пак било што ги погодува. Така што еве ајде да ги охрабриме што побрзо да ги донесат вакцините, но се сомневам дека и тоа ќе се случи“ – одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ