Во денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со побарувањето до Владата од страна на претседателот Стево Пендаровски за Акционен план за корупција, истакна дека претседателот глуми арбитер, а слугува на Заев и ги потпишува законите кои овозможуваат да се најдеме високо на скалата за корупција.

„Тој е човекот кој што ги потпишува законите кои овозможуваат да ние се наоѓаме на вакво ниво според корупција и криминалот во државата. Тој доколку навистина имаше чесна намера, можеше многу пати во минатото да ги блокира тие закони односно нивниот текст, наместо да му слугува на Зоран Заев. Јас ќе ви кажам што ќе се случи, Зоран Заев ќе рече да одлична идеја на претседателот, нема проблем ќе седнеме ние ќе изработиме една таква Методологија, ќе му ја дадат на Стево Пендаровски, Пендаровски ќе рече браво се потрудиле навистина ова е издржано што го предлагаат и така до следната година кога нема да бидеме 111-ти туку 121-ви. Но, среќата е кај граѓаните затоа што до тогаш се надеваме и работиме на тоа да оваа Влада веќе не биде таму, па така да ќе му биде малку и потешко на Стево Пендаровски да глуми арбитер во сето ова, наместо да се зафати да работа која што и по уставните надлежности му следува. Лицемерие и дволичност и не гледам никаква логика во тоа, ви кажав отприлика како ќе се одвива од сега па натаму, сето тоа. Тој ќе побара, тие ќе изготват за неколку дена или недела од сега, потоа тој ќе ја прифати таа стратегија, ќе рече одлична методологија браво, брилијантна, за да потоа повторно до година зборуваме за кое место сме на скалата за корупција. Тоа е вртење во круг, концентрични кругови, но мора да дадеме се од себе за да ги поразиме и да не дозволиме ова да трае уште долго“ - појасни Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ