Не е ни чудо што Златко Марин, а ни неговата СДСМ администрација ни по три дена прозивки не смогнаа храброст да одговорат на прозивките:
Ниту зошто ја нема Гимназијата, а ја ветија.
Ниту за бетонизацијата до последниот слободен квадрат, а ветија мораториум на градба.
Ниту за еколошката катастрофа, а ветуваа швајцарски АјроАјро воздух!
Ниту за потрошените пари за рекламирање и секако за оној оглас за подмитување - пардон, награда за фалење во медиумите.
И онака четири години Златко Марин никој не го слушнал нешто да образложи.
И затоа во Аеродром се чудат, за што се дадени тие 73.000 евра, општински пари, за дополнителна маркетинг агенција, за некаква комуникациска стратегија, кога Златко Марин никаде го нема? И зошто сега планира уште илјадници евра за подмитување на медиуми и новинари за да го фалат, а тоа знае дека ништо нема да смени?
Во Аеродром се начисто - СДСМ со или без Златко Марин - не заслужуваат да ја водат општината! И за досегашното лажење и изборна измама, затоа што ќе ветиш нешто на избори треба и да го сработиш, туку и за планираните скапи небулози, како Голф терени во Долно Лисиче, планирани од СДСМ за следниот период.
Јас лично еве не верувам дека и од тоа нешто ќе биде, но знам дека аеродромци се целосно разочарани од одлепувањето од реалноста на СДСМ во Аеродром за состојбите и за потребите на граѓаните во таа општина! И во Аеродром знаат дека ниту СДСМ, ниту Златко Марин, ниту кој и да е кандидатот од СДСМ за Аеродром, нема да може да излезе од таа забегана матрица.