Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го започна натпреварот од 23. коло против Алавес што е негов 505-ти натпревар за каталонскиот тим во Шпанското првенство.

Според овој индикатор, Аргентинецот се израмни со легендарниот играч за врска на Барселона, Чави. Сега и двајцата играчи го делат првото место по број на првенствени натпревари во историјата на клубот.

Сепак, Чави е во водство во вкупниот број на натпревари за Каталонците – има 767 натпревари наспроти 759 за Меси.

За потсетување, Чави ја заврши својата кариера во мај 2019 година. Негов последен клуб како играч беше катарскиот Ал-Сад, кој сега го предводи како главен тренер.