Владата на Заев и СДСМ се светски професионалци во криминал и корупција.

Лажните вести од Центар за комуникации на СДСМ не поминуваат кај граѓаните.

Граѓаните гледаат кој лаже и краде. Власта на СДСМ да беше толку чесна немаше Македонија да се најде на 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“, и немаше според „Економист“ во Македонија да владее хибриден режим.

Неспособноста на Заев и СДСМ оддалеку се гледа. Заев и неговата Влада да беа способни толку вакцинирањето ќе започнеше во декември, а не да се очекуваат донации во февруари месец.

Владата да беше толку способна немаше над 50.000 граѓани да останат на улица, и над 500.000 граѓани да поминуваат ден со едвај 130 денари. Заев и СДСМ да беа способни македонската економија немаше да влезе во рецесија.

Владата на Заев да беше способна ќе одговореше на јавноста до кај е вистината за убиството кај Смилковско Езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара.

Центарот за комуникации на СДСМ со лажни соопштенија нема да ја замолчат критиката на опозицијата. Крајот на оваа Влада веќе одамна се гледа

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ