Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, во утринската емисија Утро со Златев на Радио Лидер, коментирајќи ја вчерашната фотографија која излезе по медиумите каде што еден вработен од општината фрла сол со рака и лопата на снегот, вели дека тоа било претставено како некаков успех и покрај тоа што договорот кој што го потпишала градоначалникот на општина Ѓорче Петров за зимско одржување ги чини граѓаните над 100.000 ера.
Истражувајќи го тој договор за зимско одржување на улиците дека веројатно таа мобилна екипа составена од еден човек кој што рачно фрла сол на мостот ги чини граѓаните на Ѓорче Петров 6.366.000 денари годишно или над 100.000 евра. Не знаев дали лопатата е од злато, дали количката е Ламбурџини затоа што таков договор кој што е потпишан требаше да значи дека сите улици низ општината ќе бидат чисти, вели Стојановски, и додаде дека Ѓорче Петров е општина која има потенцијал, но за жал во последните месеци станала општина позната кај јавноста по три работи.
Ѓорче Петров е општина која што има многу потенцијал, а ние станавме познати по јавноста по три работи во последните неколку месеци, и тоа по оваа дежурна екипа каде што човек фрла со лопата сол, по забранетото сушење на алишта, и по надгробната плоча која што беше ставена како тампон на една од улиците која што требаше да се асфалтира, а не се асфалтираше, така да ова мора да престане, додаде тој.
Тој им препорача на локалните власти, да не ги делат парите од Буџетот на фирми блиски до власта, туку на фирми кои што знаат како да работата, посочувајќи дека на Град Скопје им е потребно само да го повикаат поранешниот градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски за да им објасни како да ја дочекаат зимата спремни, а не да ги изненади снегот среде зима.
Јас би упатил две препораки. Првата е престанете да ги крадете парите кои што се предвидени во Буџетите за таа намена и да ги доделувате на фирми блиски до власта, доделете ги на фирми кои што знаат како да ја завршат таа работа. И еве конкретно за Градот Скопје не треба ништо повеќе да направат од тоа освен да го повикаат Коце Трајановски на едно кафе, па човекот да им објасни како тоа да се дочека зимата спремен и како да не ве изненади снегот, како да се набавува континуирано нова механизација, нагласи Стојановски
Пратеникот Стојаноски, е дециден дека на овој циркус многу бргу ќе му дојде крајот.
На овој циркус за многу брзо ќе му дојде крај, кажа Стојаноски.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ