МОЛК НА СДСМ ЗА ХАВАРИЈАТА НА ТУРБИНА ВО РЕК БИТОЛА!

Наместо да се фалат со помпезни јавни настапи за енергетска транзиција, раководството на АД ЕЛЕМ крие за хаваријата во РЕК Битола. Дури за да биде иронијата уште поголема, болкот 3 во РЕК Битола испадна токму во моментот на пресот.

На 1.2.2021 година на турбината на блок 2 настана тешка хаварија и блок 2 на е во погон, иако ова се случува непосредно после капиталниот ремонт во текот на есента во 2020 година.

Ова сигурно им е добро познато на присутните кои ја одржуваа оваа прес конференција, но за хаваријата ниту збор.

За хаваријата ВМРО-ДПМНЕ ја извести јавноста уште на 4.2.2021 година и постави прашања до раководството на АД ЕЛЕМ, но од таму никаков одговор, само МОЛК.

Веќе се поминати петнаесетина денови од хаваријата и некои детали мора да се познати. Сега турбината е отворена и работите се појасни. Но, молк од АД ЕЛЕМ за хаваријата. Повторно ги прашуваме за следното:

Колкава е штетата на турбината, лежиштата и лопатките?

Има ли извештај за причината за ваквата хаварија и појавата на силни вибрации, за да може да се одреди и начинот на поправка и лоцира одговорноста?

Кој е одговорен за ваква хаварија?

Колку долго ќе трае поправката и колку ќе чини во милиони евра?

Дали поправката ќе ја плати одговорниот за хаваријата или пак неколку милиони евра за поправка ќе ги плати веќе осиромашениот македонски граѓанин?

Како е извршен капиталниот ремонт во 2020 година и кој го извршил?

Дали е вршен квалитетен надзор врз работите на ремонтот?

Кои резервни делови се употребија и заменија? И по која цена? Дали договорот со приватната компанија за набавка на резервни делови е склучен без аукција?

Каков е извештајот од испитувањето за ресурс на турбината (тоа значи проценка за состојбата на турбината) кој е направен од приватна компанија со договор без аукција? Дали извештајот вели дека турбината е во ред и може долго да работи?

Тогаш каде е одговорноста на изготвувачот на таквото нестручно испитување и погрешен заклучок кога после неколку месеци има хаварија на турбината? Или извештајот вели дека турбината не е во состојба за нормален погон, па тогаш каде е одговорноста на раководството на АД ЕЛЕМ што турбината иако неспремна ја ставиле во погон и ја хаварисале.

Ремонтот на турбината е извршен од надворешен изведувач. Но, дали изведбата е направена квалитетно и каде е одговорноста за ваквата хаварија.

На ова мора да се даде одговор!

Ги повикуваме одговорните во АД ЕЛЕМ да дадат извештај за хаваријата на турбината на блок 2 во РЕК Битола, во кој ќе одговорат на сите погоре поставени прашања. Тоа е должност кон народот кој сето ова го плаќа. И при тоа се очекува да си поднесат одговорност и дадат оставка.

Од сето погоре кажано следи дека работење со висока стручност, професионалност и одговорност е непозната категорија за раководството на АД ЕЛЕМ поставено од СДСМ.

Бидејќи сé запустеа, сега се свртија кон грантови и заеми за обновливи извори на енергија, кои никогаш нема да ги изградат бидејќи се неспособни, а тоа го видовме на дело досега.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ