СДСМ да си ги бараат криминалците во сопствената партија. Наместо да си ја бркаат мувата од капата, нека погледнат во сопствениот двор, а таму ќе го видат единствениот премиер, кој е аболиран за криминал.
Цела јавност виде и слушна како Зоран Заев бара евро за Вицето, а одговорност нема.
Медиумите објавија како Ден Дончев става туциња пари во ташна, а одговорност нема.
Нема постапка ниту за ШИК Јелак, ниту за Еуростандард, две афери заедно тешки 400 милиони евра.
СДСМ не треба да оди по далеку, доволно е само да го прашаат Заев, зошто судот не смее да го повика Заев и да го праша како парите од аферата „Рекет“ завршиле кај него?! Бидејќи тоа го кажа Бојан Јовановски – Боки 13, сега негов против кандидат за лидерското место во СДСМ, а претходно човекот кој ја носеше торбата со изрекетирани милиони.
Прилично е смешно, но и жално во исто време кога некој од СДСМ се обидува да збори за борба против криминал и корупција.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ