Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при неговата работна посета индустриска зона Каласлари, одговарајќи на новинарско прашање во однос на предвремени парламентарни избори и уривање на актуелното мнозинство истакна дека тие се оправдани и логични како од политички така и од економски причини, а тоа го навестуваат и прегрупирањата во Собранието.
- Во Собранието се гледа дека има одредени би рекол прегрупирања, има одредени сигнали на парламентарни групи, но и на поединци кои не се задоволни од актуелната власт. Премногу било ветувано, а премалку било реализирано и кон нив, а премногу било ветувано од Заев кон граѓаните на крајот станале свесни дека се работи за уште една лага, потенцираше Милошоски.
Тој истакна дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека предвремени парламентарни избори се неопходни за што побрзо да замине оваа власт со што Македонија ќе добие поголема перспектива.
- Можни се прегрупирања во рамките на парламентот, но политички и економски, предвремени парламентарни избори би биле оправдани и логични. ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа оваа власт што поскоро да биде заменета за да може перспективата за Македонија на секое поле да се развие на подобар начин, нагласи Милошоски.