Зоран Заев се плаши од избори, затоа што знае дека ќе ги загуби.

Со тешки лаги и манипулации се труди да ја задржи фотелјата. И секој ден му е купување на време. Денес нема човек кој збори добро за владата и е задоволен од нејзините постигнувања.

Затоа Заев постојано се натпреварува во тоа како да излаже,

Како на пример онаа лага која ја соопшти денес дека никогаш не кажал дека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ е националист.

На 02 мај 2017-та година Заев изјави Вучиќ е националист.

Денес на прес конференција отворено лаже викајќи дека никогаш не рекол дека претседателот на Србија Вучиќ е националист.

Заев нема проблем со лажењето, има проблем со вистината. Овие изјави накратко се опис за неговото владеење кое заврши со најкорумпиран хибриден режим во Европа, економија во рецесија и земја која секој ден е се подалеку од Европската Унија.

Заев ќе падне на предвремени избори и тројанците во опозицијата нема да му помогнат во задржувањето на премиерското столче.