Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за Договорот со Бугарија и посочи дека овој договор од самиот почеток бил поставен на нерамноправна основа.
-Лошото со Договорот со Бугарија е што на самиот почетокот беше поставен на нерамноправна основа. Ако сакате да имате успех во еден договор треба да бидете рамноправни во сите аспекти на Договорот. Една димензија на договорот, негативната димензија е отсуството на етичката грижа на македонската држава, штом кај вас отсуствува етичката димензија грижа за тие бугарски граѓани кои се декларираат како Македонци и вие бегате тоа да го спомените во договорот од друга страна допуштате на бугарската страна да се грижи за бугарското малцинство во Македонија како што се грижи во Албанија, Косово и слично тогаш вие сте во една нерамноправна положба, настрана што не се ползуваат сите позитивни искуства на македонската држава во градењето на еден принципиелен однос со Бугарија. Самиот начин на преговори без вклучување на амбасадата во техничките рунди само од Скопје идење на екипа, без да ме повикаат мене да учествувам во техничките рунди, jас никогаш не бев повикан од страна на Димитров за консултации и никогаш не бев повикан да разговараме кој е ставот на амбасадата за општата бугарска слика за нашата држава и што сакаат тие да постигнат со Договорот. Јас мислам дека од аспект на дипломатска служба пристапивме непринципиелно, рече Ѓорчев во своето гостување.
Тој понатаму говореше и за Гоце Делчев и истакна дека нашата македонска историја покажува дека тој е македонски револуционер, македонски симбол и македонска вредност и сето ова мора да си го задржиме.
- Делчев е роден во отоманска провинција Македонија, се борел за автономија на Македонија, умира во Македонија и неговиот завет е дека сака да биде закопан во Македонија. Тоа е нашата содржина. Нашата македонска историја кажува дека тој е македонски револуционер и тој е нашиот симбол, нашата икона, нашата вредност.
Гоце Делчев е македонски но и балкански херој во смисла на ослободување на овие простори од еден ретрограден империјален систем. Сето ова можеме да си го задржиме и да го направиме со една мудра македонска политика за да го зачуваме нашиот вредносен систем, а од друга страна би им докажале на соседите дека нашата македонска култура која датира од многу одамна е многу битка култура, истакна тој во своето гостување.
Ѓорчев кажа дека за да се спроведе пописот тој треба да биде усогласен според европските стандарди.
-Пописот треба да каже одговор за тоа каде утре Македонија ќе се најде како демографска структура, како број на население, како работно способна сила за потребите на економијата. Сето ова бара еден добар закон и тоа би било најдобро кога тој би бил усогласен со Евростат, со европските стандарди. Јас сметам дека овој закон не е усогласен затоа што таму се знае како е во Евростат треба да имате попис на жителите кои што живеат во македонската држава и евентуално тие кои се една година во странство и трето нема некој да докажува ако јас не сум тука, а мојата сопруга е тука и да каже тој е Македонец, само јас можам да кажам дали сум Македонец, а не мојата сопруга. Такво нешто не постои ви европската практика и со самото тоа се наметнува прашањето колку тој попис ќе биде кредибилен, со човек кој најмногу го познава тој кој отуствува во државата, потоа не кажува ограничување колку години треба да е отсутен во државата. Јас сметам дека идеологијата е проблем, истакна тој.
Ѓорчев посочи дека пописот не треба да се прави во ваква ситуација кога имаме КОВИД-19.
-Пописот е важен за државата тогаш дајте да не го правиме пописот во оваа ситуација на КОВИД-19. Ако толку години сме чекале, ако вчера имавме 16 смртни случаи сега ние треба да правиме во време на КОВИД да правиме попис, а во овој случај и немаме доволно вакцини обезбедено за граѓаните, додаде Ѓорчев.