Вечерва во „Радио Лидер“ гостуваше Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновска при своето гостување посочи дека власта ако спроведеше соодветни мерки во вистинско време Македонија немаше да биде предводник по смртност од КОВИД-19 во регионот. И не само тоа, поради неработата на оваа власт, дојдовме до ситуација да се радуваме ако некаде се постави шахта.
„Јас секогаш се обидувам да говорам на начин на кој што ќе бидам разбирлива за сите што не следат, а тоа вклучува искреност и реалност. Така да секако можеше да биде подобро, секогаш може да биде подобро. Не можам да кажам дека можеше да нема смртни случаи, не можам да кажам дека немаше да немаме заболени. Тоа е секаде во светот, и нормално дека тоа се случува и тука кај нас. Но, тврдам дека можеше да биде многу, многу подобро доколку ние бевме повеќе организирани, доколку спроведовме мерки на време, соодветни мерки во вистинско време. Секако дека можевме да ја спречиме таа смртност во која што сме предводници во моментов во регионот“, истакна Андоновска.
Андоновска додаде Македонија во минатото беше пример за успешна држава во регионот. А, денес Македонија падна на дното поради Заев и СДСМ.
„Секогаш ни се претставува една розова слика, дека се е добро, се е во ред, дека добро живееме, но ништо од тоа за жал ние не чувствуваме. И тоа не може на долг рок да помине. Дојдовме до ситуација да се радуваме за отворање на чешма, за поставување на шахта, за косилица во некоја општина што е донација, и тоа се сега вестите. Тоа е претставено од страна на власта како некоја голема придобивка, која што се случува во моментот“, појасни Андоновска.
Андоновска посочи дека народот веќе не верува во сето тоа и нема никакви очекувања од оваа власт предводена од СДСМ.
„На 04.02, Венко вели ние не потфрливме во набавката на вакцините и ние имаме еден од најподготвените системи за вакцинација. Сега, како може некој да го изјави ова? Значи ние во ова треба да веруваме? Кој е тој најподготвен систем за вакцинација“, запраша Андоновска.
Андоновска додаде дека правото на граѓаните за вакцинација во моментов е ускратено од неспособната власт која што не може се уште да набави вакцини против КОВИД-19.
„Како може некој да каже дека ние имаме најдобар систем, кога ќе почнеме да споредуваме по земји тоа е катастрофа. Имавме една слика каде што благодарение на една наша соседна земја добиваме една количина на вакцини и ние организираме 50-тина камери, доаѓа пола Влада, правиме спектакл од сето тоа. За што? За едно пакетче. За едно пакетче, па уште земале двајца и го носат пакетчево. Мислам не е тоа смешно“, истакна Андоновска.
Андоновска посочи дека и од тоа власта сака да претстави една слика како се функционира во државата.
„Па, не функционира воопшто. Колку добивме ние? Што сме добиле ние од вакцините? Да се задоволуваме со едно пакетче вакцини и од тоа да правиме цел спектакл“, рече Андоновска.
Андоновска додаде дека сите земји од регионот па и пошироко долго време се подготвуваа и работеа за да набават вакцини за своите граѓани. Дел од тие држави прават планови и бараат вакцини и за 2022 година.