Зоран Заев е тој што го руши угледот на Македонија. Заев е единствен премиер во Европа, кој е аболиран за криминал.

Заев е срам за државата, цела Европа можеше да види како од позиција на градоначалник бараше мито, по принципот "евро за Вицето". Цел свет гледаше како Бојан Јовановски - Боки 13, кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони кажува дека парите од аферата "Рекет" завршиле кај Зоран и Вице Заев.

Сите слушнаа како Дака во снимен разговор вели дека му дал на Заев 300.000 евра, и ветување за нови 2000 метри квадратни станбен и деловен простор и маркица за бензинска.

За Заев има толку докази и индиции за криминал, што ако ги гледа независно обвинителство веднаш ќе биде приведен, а со сите дела на товар нема да го напушти затворот.

Заев е политичар синоним за криминал.

Заев треба да си замине, за Македонија да тргне напред.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ