Миле Лефков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново Уставно име.
– Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот Договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република С. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ овој закон го услови со еден амандман. Единствениот амандман кои ние го поднесовме е на предлог законот е да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име. Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години. Тоа е нашето условување да го поддржиме овој закон. Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на С. Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка, рече пратеникот Лефков во своето гостување.
Понатаму Лефков во своето гостување говореше и за ситуацијата во државата и истакна дека најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.
-Прашањето беше дека Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа.
Имаме целосна партизација на државата затоа сме на 111 место според Транспаренси Интернешнл и затоа се најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови и да ни бидат партизирани институциите и целата држава. Единствен непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање имаме пад на сите полиња во држава, истакна Лефков во своето гостување.