Пратеникот Дарко Костовски на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа се осврна на повеќе актуелни теми.
Говорејќи за пописот тој укажа дека уште кога партијата поднела амандмани на Законот за попис било јасно дека станува збор за политичка опеарција или политички договор.
„Ние предложивме амандмани, ама уште тогаш сфативме дека станува збор за фингиран попис или договор меѓу Заев и ДУИ, и Заев мора да испорача. Тоа е сериозна статистичка операција. Не може да правите попис и да ги попишувате и тие кои не живеат тука, така ние би излегле околу три милиони жители“, рече Костовски.
Според пратеникот Костовски евидентно е дека владеачкото мнозинство е климаво.
„Кога ќе бидете присутен во Собранието гледате дека тоа е климава влада, мнозинство, во таа коалиција нешто не штима тоа е видливо, закажуваат седница, а немаат кворум. Не може да се почне со работа. А опозицијата не сака да им прави кворум“, рече пратеникот Костовски.
Костовски укажа дека сите политики на владата на СДСМ се штетни за државата и за граѓаните.
„Жално е на еден народ да му ја уништувате суштината. Вакво оспорување на историја нема никаде. Владата на СДСМ наместо за подобар живот, тие се занимаваат со уништување на македонскиот импулс, а со тоа им штетат на националните интереси“, кажа Костовски.
Во контекст на предложените законски измени кои предвидуваат намалување на казните поврзани со огнено оружје Костовски рече:
„Да станува збор за држава која добро се справува со стапката на кримнал и не е чудно да се наламуваат казни во однос на огнено оружје. Но, тука воопшто не е така. Криминалците кога СДСМ е на власт уживаат во својот меден месец. СДСМ кога е на власт стапката на криминал и корупција е многу голема“.