Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посети малиот Ангел, за кого апелираше за донации и кој наскоро ќе ја добие потребната здравствена помош.
- Денес се гушнавме со Ангел.
Сакам од срце да ви се заблагодарам од мое име и од името на Ангел што нѐ поддржавте. Да си ми здрав, весел и среќен Ангел и знам, просто знам дека ќе ја добиеш и оваа битка јунаку!, напиша Мицкоски.
Голема благодарност до него, пак, испрати мајката на малиот Ангел.
Малку се зборовите што можам да ги упатам до вас, Христијан Мицкоски, и до сите кои чекорат заедно со Ангел. А тоа е цела Македонија. Како мајка на Ангел сега повеќе немам страв дали ќе успееме. Можам само да кажам СИГУРНО ЌЕ УСПЕЕМЕ, пишува Пале Ацковска, мајката на малиот јунак.