Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека „топчиите“ можеле да потпишат со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кога тој играше за Монако.
– Бев во неговиот дом кога тој одлучуваше дали ќе го продолжи договорот со Монако. Тој можеше да оди бесплатно во Арсенал. Мислам дека секој клуб е полн со такви приказни. Во Милано, Манчестер, Арсенал, Челзи, има вакви приказни насекаде, изјави Венгер за „beIN Sports“.
Мбапе пред ПСЖ настапуваше за Монако.