Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за посетата на известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ќучук и посочи дека оваа посета на некој начин не значи ништо затоа што имаме влада која воопшто не си ја работи домашната задача затоа што не треба да очекуваме некој однадвор да ни ја заврши работа за да влеземе во ЕУ.

-Посетата на Ќучук вчера е позитив на европскиот парламент. Но што значи тоа за нас. За жал тоа не значи ништо кога имате влада која не си ја работи домашната задача и тука имаме две слики на огледалото. Една страна на огледалото е Бугарија која ги збива своите редови, носи декларација во Бугарското Собрание едногласно, сега е подготвена Бела Книга за бугарските ставови кон Македонија во која македонскиот јазик се нарекува скопска норма, но тоа не е изолиран акт на некој си акт внатре туку е поддржана од рецензенти од Бугарската Академија на науките. И тука гледаме едно збивање и категорично поставување на работите. Од друга страна, другата страна на сликата е едностран егзибиционизам, влегува премиерот сам во преговори, чудни интервјуа па се повлекува, па претседателот Пендаровски станува неук, невешт, неискусен политичар и после се реторира од тој став и не ги слуша ставовите на ниту една од засегнатите страни во државата. Немам бела книга поддржана од МАНУ,немаме Национална стратегија на државата, Македонија да после сите заедно да застанеме, туку влетува во еден егзибиционизам па што се случи нека се случи. На крајот од тој егзибиционизам имаме едно чудно очекување дека некој однадвор ќе ни ја заврши домашната работа. Би бил одлучувачки надворешниот притисок ако во Европа не се случуваше еден процес, а тоа е замор од проширувањето, но вие правите буст на тој замор по дома. Зошто? Имате корупција на највисоко ниво која не се случува во европските држави, соработувате со антизападни ликови, имате тотална неодговорност на ниту еден владин функционер за тоа што го правите,пример Ден Дончев, Лидија Димова и ред други, рече Андоновски во своето гостување.

Андоновски, во своето гостување во емисијата зборуваше за вакцините против КОВИД-19 и посочи дека оваа влада во пракса не работи ништо туку само тера свој пи-ар.

Ако во бројката за корупција сме во друштво на Монголија, Салвадор, Панама тогаш во делот со вакцини сме со Алжир и другите Афрички земји. Проблемот во овој случај е што, мене ми текнува на еден слоган од кампањата на СДСМ за изборите „подготвени го дочекавме ударот“. Проблемот е што подготвени сме само во пи-ар и во маркетинг агенции кои го покриваат тој пи-ар, во пракса не сработуваме ништо. Дипломатски извори во месец октомври веќе на големо зборуваа дека на Владата и е понудено да нарача вакцини од една од производителите, но Владата воопшто не одговарала на телефон. На два пати Словенија излегува во пресрет, по првиот пат по повикот на претседателот Мицкоски за помош во медицински персонал, освен што донесоа материјали , еден авион помош во екот на кризата понудија и медицинска помош. Требаше министерот да се слушне и да ја преговори таа помош, но ништо не се случи. Истото се случува и сега после посетата на претседателот на Мицкоски, повторно имаше повик јавете им се на луѓето можеби можат да ни помогнат, расположени се да се дискутира, но нема ништо од страна на власта, истакна Андоновски во своето гостување.

Понатаму Андоновски во своето гостување посочи дека поради екипата на Заев и Филипче над 3.000 граѓани ги изгубија своите животи и тоа претставува многу жалосна слика и покажува колку тие сработиле.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не ја претставуваат државаа во моментот формално и затоа не можат да договарат ништо на ниво на држава, тоа го има власта на Заев и екипата на Венко Филипче и една цела компанија. Убедено сме најлоши во вакцинирање. Жал ми е што не се забележи моментот што над 3.000 луѓе го изгубија својот живот, тоа се 3.000 семејства кои што имаат еден човек помалку и тоа е една жална слика затоа што немате сработување. Проблемот на крај е дали оваа власт не сака, не знае, е неспособна или е стратегија да не држи во еден клинч да кризираме за да таа полесно да владее, додаде тој во своето готување.

Андоновски истакна дека по аферата „Рекет“, премиерот Зоран Заев нема остварено ниту една средба со лидери на држави од Западна Европа.

-Еве оваа теза беше пласирана повеќе од еден месец и не е демантирано од СДСМ. Колку средби на официјално ниво имал премиерот Заев со лидери на држави од западна Европа во последните две години откога е излезена аферата „Рекет“? Нека каже бидејќи нели Заев и СДСМ имаат многу голем број на пријатели со колку претседатели на држави и премиери се има сретнато. Еве јас ќе ви одговорам тоа се нула. Со колку се има сретнато претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како претседател на опозицијата, со четворица оваа година. Ајде нека се сретне Заев со четворица во наредните шест месеци, рече Андоновски.

Понатаму Андоновски зборуваше и за неспобноста на министерот за здравство, Венко Филипче каде истакна дека потребно е Филипче да си ја сработи својата домашна работа односно да набави доволен број на вакцини за граѓаните.

Наместо да ангажира министерот Филипче по три маркетинг агенции да му тераат пи-ар може да си ја сработи домашната работа. Вие не треба да се мерите со ВМРО-ДПМНЕ колку вакцини сте донеле, вие сте нула, ние сме нула затоа што ние сме опозиција. Но нула е Република Македонија која за жал вие ја водите и не сте донеле ниту една вакцина, додаде Андоновски во своето гостување.