Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на општинскиот комитет во Велес. Од таму порача дека времето на Зоран Заев и СДСМ завршува и дека не е прашање дали туку кога ќе падне владата на Заев.

- Вечерва во Велес. Власта е на стаклени нозе, прашањето е не дали, туку кога оваа Влада ќе падне. Македонската пролет доаѓа!, објави на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.