Зоран Заев не знае што и каде ветил. Секој процес во државата е проблематизиран од ветувањата со кои Заев се расфрлал низ соседството уште од периодот пред да дојде на власт.

Го слушавме Каракачанов, Џамбаски, Ковачев, Ципрас и голем број на политичари кои му ја плескале на Заев вистината во лица, што ветувал, а што после кога му излегувал народ на улица не можел да го реализира.

Подобро е Заев да не се резили, за да не се јави пак некој политичар од соседството и да го демантира.

Наместо да разговараме за тоа каде Заев лобирал за инвестиции, ние разговараме каде Заев ветил име, каде идентитет, каде јазик, а каде историја. На крај од што немаше што да дава почна и фамилијата да си ја шитка како да е бостан.

Македонија не е пазарот од Младеновац или Пожаревац каде Заев продавал пред да стане градоначалник и да го создаде најмоќниот клан во Македонија. Идентитетските обележја се гордоста на народот и мора да бидат зачувани.