Зоран Заев и Шилегов најавуваат промена на плочки на кеј, како да почнале да градат автопат. Организацијата на настанот е веројатно поскапа од самиот проект.

Никаде ниту на повидок не е тунелот под Кале, или мостовите и булеварите кои ги ветуваше Шилегов.

4 години поминаа, а Скопје не се сеќава на ниту еден проект на Шилегов, само на стоте илјади евра потрошени за новогодишна забава.

И наместо да се фати за работа, Шилегов се фали дека ќе менува плочки.

Заев и Шилегов викнале новинари, куп административци и поставиле лед позадина, како да се почнува капитален проект вреден милиони, а не промена на плочки на кеј, што е редовна задача на градот.

Доколку Шилегов си останеше на зборот, и не го потроши својот мандат во безделничење и промена на имиња на улици, туку работеше и создаваше, промената на плочки на кеј требаше да се случи во првите два три месеци од неговиот мандат, а не сега на пола година пред избори.

Скопјани го прочитаа Шилегов, и неговата не работа ќе ја казнат на локалните избори на есен.