Откако премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање зошто владата молчела по однос на понудата на руските вакцини истакна дека тие како одговорна власт воделе грижа да не бидат набавени премногу вакцини за граѓаните на Република Македонија, со коментар на социјалната мрежа фејсбук излезе и претседателот на опозицијата Мицкоски.

- Кога немаа ниту една вакцина, велеа дека не сакале да се помисли дека прават експерименти врз народот.

Сега кога има само неколку добиени како донација од соседна Србија, велат дека внимавале да не добиеме повеќе од што ни треба.

Заев, цел свет ти се смее, црна дупка ја направи државата.

Една вакцина како премиер сам не си набавил. Да не беше помошта од Србија, ниту докторите немаше да можат да се вакцинираат.

Срамота!, коментира Мицкоски.