Заев и Филипче и од здравството прават криминал. Заев и Филипче сакаат и од клиничкиот центар да направат криминал од половина милијарда евра
Со законот се отвора сомнеж за огромна корупција. И се дава на најкорумпираната влада во Европа можност преку исфрлање на критериумот за конкурентност да најде двајца понудувачи со кои ќе се договори за цената. Можно е да се потрошат и до 1 милијарда евра, бидејќи во законот не се утврдува рамка колку точно ќе се потроши. Во законот за клинички нема ниту рамка која ќе ги дефинира трошоците за одржување.
Дополнително власта го носи законот за градба, а нема решено имотно правни односи. Клиничкиот центар не може да биде дивоградба.
Пропустите во законот се доказ дека власта не сака да го изгради клиничкиот, туку сака само да прави криминал.
Заев и Филипче 4 години не мрднаа со прст за да изградат клинички центар, доколку тие беа сериозни во намерите да го направат тој одамна требаше да биде почнат.
Доколку Заев и Филипче само го продолжеа проектот на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на клиничкиот центар тој сега ќе беше готов, но така немаше да може да договараат аванти и од изградбата на клиничкиот центар да прават криминал.
Од првично планираните 120 милиони евра за изградба на клинички, власта сега сака да потроши половина милијарда евра.
Граѓаните им е преку глава од криминалите на СДСМ, и сакаат реална работа и готови проекти, тоа со СДСМ не е можно и затоа ќе ги смени.