Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски информираше дека за само неколку часа, ВМРО-ДПМНЕ собрала над 25.000 потписи со кои се бара укинување на Законот за попис, кој власта го донесе без консензус со опозицијата.
- Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации.
ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа.
Благодарност до сите што се потпишаа.
Македонија не сака фалсификат попис.
Народот се потпишува против фалсификат попис.
Продолжуваме и утре!
Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев.
Потпис за вистински европски попис!, истакна Мицкоски.