Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е и Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, денеска се сретна со амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте.
- Денеска како Претседател на Националниот совет за евроинтеграции остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјава, Н.Е. Адела Моника Аксинте, со која разговаравме за европската интеграција на државава, актуелните предизвици во процесот и потенцијалните можности за натамошен развој на соработката.