Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави принт скрин од споделен конкурс за попишувачи кој го објави Државниот завод на статистика на партиските фејсбук страни на СДСМ.

- Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?

Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот.

Партиски оглас за државни попишувачи.

Срам и беда.

Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат.

Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, коментира Мицкоски.