„Христијан на сите е таргет, не само на Џамбаски. Четири години е така, четврта година сум претседател, од самиот почеток или ќе бидат уценетите, или уценувачите, или некој од соседиве, секогаш таква аура имам, да сите буквално ги вперуваат стрелите врз Христијан Мицкоски. Но јас ќе ги издржам. Голем е овој грб и ќе ги издржи сите такви како Ковачев, како Каракачанов, како Заев, и сите останати Мијалков, Тодоров, на купче, немам никаков проблем ќе ги издржиме, битно е на крајот од денот, да не искрвариме до толку за да можеме да стигнеме до стартно целната рамнина да си ја извадиме државата“,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“
Мицкоски додаде дека треба оваа држава да се извади од тињата во која власта ја турна.
„Имам членство навистина прекрасно, граѓани кои што на улица те среќаваат и ти даваат поддршка, сето тоа е мојот мотив да издржам низ сите овие пречки“, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не е трагична вчерашната изјава на политичар од Бугарија, потрагичното е тоа што братот на премиерот лично го праќал текстот на новинари за да го објават по медиуми. Околу 20-тина новинари ми сведочеа дека лично братот на Заев го праќал текстот со насока да го објават.