Ракометарите на Татран Прешов се нов предизвик за РК Еурофарм Пелистер со кои утре ќе се сретнат во Битола.

Од битолскиот ракометен табор денес со внимателни изјави и со респект кон тимот од Словачка и конкурент во ракометната СЕХА лига.

– Влегувам во ритам, се надевам дека ќе бидам максимално подготвен и дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се подготвуваме за словаците. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло и со победа да го обезбедиме второто место во нашата група, изјави ракометарот Мартин Велковски.

Според Жељко Бабиќ, тренер на битолските ракометари, Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа, имаат добра транзиција и контра напад. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел, посочи Бабиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов ќе се игра од 17:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.


Администратор
26/02/2021 12:34