Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, попладнево се извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на Европа. Најмногу внимание привлекува пресметката Милан – Манчестер јунајтед.

Другите двојки се: Ајакс – Јанг Бојс Динамо Киев – Виљареал Рома – Шахтјор Олимпијакос – Арсенал Динамо Загреб – Тотенхем Манчестер јунајтед – Милан Славија – Глазгов Ренџерс Гранада – Молде.

Првите средби се закажани за 11 март, реваншите седум дена подоцна (18 март).