Роберт Левандовски стигна до 14 погодоци на 14 натпревари во 2021 година. Тој има 28 погодоци сезонава во Бундеслигата.
Напаѓачот на Баерн, попладнево беше двоен стрелец на натпреварот со Келн кој Баерн го доби со 5:1.
Ова се 27-ми и 28-ми погодок на полскиот репрезентативец во германскиот шампионат. Тој има девет погодоци повеќе во однос на најблискиот конкурент за најдобар стрелец Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт.
На 14 настапи на сите натпреварувања, Левандовски постигна 14 погодоци во 2021 година.