Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи реагираше за вратениот аванс за кинеските вакцини и постојаното лажење од страна на власта за датумот за пристигнување на вакцините против Ковид - 19.

- Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија.

Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени.

И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира, искоментира Мицкоски.